Почитувани,
За сите оние кои купиле Егзит пакет со бесплатен превоз или билет за до Нови Сад и назад, како организиран превоз од Југотон:
-Поаѓање: 09.07 (Среда), на паркингот спроти зградата на Нова Македонија во центарот на Скопје во 23 и 45 минути
-Враќање: 14.07 (Понеделник), Егзит камп во 14 часот.
За сите информации обратете се на 02/3239860, 02/2775430 или на следните e mail адреси: dejan@jugoton.com.mk или ado@lithiumrecords.com.mk
Исто така, Ве известуваме дека посетителите на фестивалот Егзит од Македонија своите ваучери ќе можат да ги заменат за фестивалски влезници на рецепцијата на Егзит кампот и во подножјето на Петроварадинската тврдина.
Без разлика дали сте сместени во Егзит кампот или не, ако во Нови Сад пристигнувате порано, ваучерите можете да ги замените за фестивалски влезници на рецепцијата на кампот на 7, 8 и 9 јули (понеделник, вторник и среда) од 10 часот предпладне, до 2 часот изутрината.
Замената на ваучерите за фестивалски влезници завршува во четврток на 10 Јули во 2 часот по полноќ.
На првиот фестивалски ден, во четврток, 10 Јули од пладне до 3 часот наутро, ваучерите можете да ги замените во подножјето на тврдината, кај главниот влез на фестивалот. Мапа во PDF документот.
Во петок, сабота и недела (11, 12, 13 Јули) ваучерите за фестивалски карти ќе можете да ги замените кај објектот “Ловотурс”, во непосредна близина на претходното мести за замена, што е посочено на мапата.
Посетителите на фестивалот кои се сместени во кампот, ваучерите за камп ќе можат да ги заменат за камп нараквица на самата рецепција на кампот. Рецепцијата работи 24 часа на ден, во текот на сите 10 дена додека работи кампот (од 7 до 16 Јули).
Картите за четирите дена се продаваат во Југотон, ГТЦ по цена од 3410 денари, а организираниот превоз во двата правци чини 2490 денари.